Заев и Борисов изразиле подготвеност да ја остават историјата на историчарите.
Се прашувам, на кои историчари Заев ќе ја остави македонската историја? Од времето на комунизмот се до владеењето на последната гарнитура, во Македонија не постоело научно историско истражување, со многу, многу ретки исклучоци. Зошто е така? Најголемата причина е тоа што во Македонија нема долга традиција во образованието и во општеството за научно истражување во било која сфера. Во последните неколку децении полтронството кон политиката е толку длабоко навлезено во менталитетот на истражувачите во општествените науки, што тие прифатија да се откажат од нивната примарна должност (почит кон науката) и се насочија кон задоволување на желбите на нивните патрони-политичари. Ќе ви дадам еден пример.
Во Охрид постои најновиот универзитет во Македонија, Св. Апостол Павле. Јас бев еден од првата генерација странски професори на овај универзитет. Се размислуваше за кога свечено да се празнува Св. Апостол Павле како патрон на овај универзитет. Еден од професорите, по струка ликовен уметник и иконописец беше задолжен да измисли ден кога треба да се слави. Тој напиша еден текст кој беше на вебот на универзитетот, а сега го нема, во врска со тоа како се одлучи да се дојди до сегашниот ден за патрон празник. Ево што пишува, на нглиски:
Explanation for the selection of name and patron holiday for the University for Information Science and Technology "St Paul The Apostole" - Ohrid.
The apostle’s longest stay in Macedonia was in the year 57. He was in Ohrid on the 22nd of October. Upon God’s will and with the help of our spiritual fathers from the Macedonian orthodox church and consultations with protodeacon PhD Ratomir Grozdanoski, the 22 of October is selected as a holiday of the University for Information Science and Technology in Ohrid.
Пишува, дека Апостолот Павле бил во Охрид на 22. Октомври 57 година. Професоров вели дека при изборот на овој датум бил инспириран од Македонската Православна Црква и со консултации со протодеканот Д-р. Ратомир Грозданоски. Ова "Д-р" значи дека овој Ратомир Гроздановски е доктор на науки.
Познато е дека Павле шетал низ Македонија, али од кој извор авторот и овај Ратомир дошле до заклучок дека без никакво сомневање Павле бил во Охрид баш во тој месец и на тој ден? Значи, патрониот празник на универзитетот е одреден само Upon "God’s will" и "consultations with protodeacon PhD Ratomir Grozdanoski". Вистински професор што ја почитува академската наука и критичкото размислување никогаш не би си дозволил да изусти нешто вакво, нарочито кога се однесува за историско именување на универзитет. Значи, не мораше да се барат фиктивни историски докази за именување на универзитетот.
Мене оваа тема навистина ме заинтересира и почнав да пребарувам на интернет, али само на универзитетски веб страници, информации за патотеките на Павле додека шетал низ Македонија. Проверив 20-ина карти од патувањата на светецот и никаде да го видам Lyhnidos. Не само што не бил таму, но изгледа не бил ни близу Охрид. Се консултирав со еден колега професор по Religious Studies тука. Во кабинетот имаше куп книги за патувањата на светецот, и во никоја го нема Lyhnidos.
Истиов автор има насликано огромна икона од Св. Апостол Павле со Охрид во позадина. Иконата се наоѓа на влезот од универзитетот.
Се прашувам, дали можеби новата генерација на историчари ќе има поголемо почитуваше кон научен пристап при истражувања во општествените науки? За жал, мислам дека тоа нема да се случи со денешната млада генерација, зато што и тие уште немат створено почит кон науката и научните истражувања. Зошто? Затоа што од мое лично искуство знам како повеќето ги имат добиено нивните магистерски и докторски звања. Денес историчари вработени на универзитети во Македонија пишуват како македонскиот јазик се зборувал уште пред 500 илјади години, значи уште од кога не сме се разликувале премногу од мајмуните во Африка, како Хомер ги испеал Илијадата и Одисејата на стар македонски јазик, член на Македонката академија на науките пишува како стредниот текст на плочата Розета бил пишуван на македонски јазик.
На крај, пак да прашам, на кои историчари Заев ќе им ја остави историјата?